Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од новите случаи на Ковид-19, најмногу има во Куманово-26, во Гостивар-15, во Скопје-13, Прилеп и Демир Хисар по 7, Кавадарци-6, во Штип и во Виница по 5, Тетово-3, Свети Николе-3, Охрид-2, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Кичево-2, Делчево-2, Струмица-1, Берово-1, Неготино-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-19, Битола-2, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-11, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-3, Виница-10, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Ресен-2.

Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840, бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932, соопшти Министерството за здравство.