Македонија претрпе пораз на гостување кај Италија, откако вечерва во Рим загуби со 5:2 во претпоследниот натпревар од квалификациите од групата Ц за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Италија одигра одлично прво полувреме во кое Дармијан и на двапати Киеза го совладаа Столе Димитриевски, а нашиот голман му одбрани пенал на Жоржињо.

Во второто полувреме шанса добија Ристовски, Ашковски и Атанасов, а Атанасов со два агола не доведе до резултат од 3:2.

Сепам, во продолжение Распадори и Ел Шарави ги поставија конечните 5:2.

Ова е втор наш натпревар во овие квалификации на кој паѓаат седум голови. Претходно, од Англија загубивме со 7:0.

Во понеделник Македонија ја дочекува Англија која вечерва ја совлада Малта со 2:0 и го потврди првото место на табелата во нашата група.