Тензично е на северот на Косово. Голем број граѓани се собраа пред општинските згради во Лепосавиќ и Звечан. Силите на КФОР и косовската полиција се пред општините за да ги разбијат демонстрациите.

Како што информираат српските медиуми, пред зградата на општината во Лепосавиќ е поставена бодликава жица, а таму има и оклопни возила на КФОР.

Косовската полиција утрово фрли солзавец и кон вработените во општината кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата.

Како што јави Радио-телевизија на Србија (РТС), вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Претходно нив ги пропуштија војниците на КФОР.

Медиумите информираат дека новоизбраните градоначалници во четири општини треба да се сретнат со американскиот амбасадор во Косово. Очекувано, можно е да биде многу клучен разговор со цел да се деескалира новосоздадената тензична ситуација.

Претходно КФОР со војници и вооружување и опрема за разбивање демонстрации, како и припадници на косовската полиција, беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Полицијата употреби солзавец пред општина Звечан против вработени во локалната самоуправа, кои претходно беа промашени од припадниците на КФОР.