Две лица се повредени во пожарот во деловниот центар „Гранд сетун плаза“, лоциран во западниот дел на Москва, јавија руските медиуми.

Според Министерството за вонредни состојби, пожарот е локализиран, околу 120 луѓе се евакуирани, 11 се спасени со помош на специјални уреди, а околу 20 се уште се заробени во зградата.

Како што претходно беше јавено, огнот ги зафатил првите четири ката од зградата, а во моментот се врши истрага.