Најмалу три лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пожар што денеска избувнал во станбена зграда во близина на Барселона, соопшти противпожарната служба на Шпанија.

Во критична состојба засега се двајца возрасни и едно бебе, а уште 13 лица добиле лекарска помош.

Пожарот избувнал во десеткатница во градот Бадалона кој се наоѓа северно од Барселона, на брегот на Средоземното Море.

Огнот е ставен под контрола, и се уште не е познато што го предизвикало.