Осум лица, од кои шест деца,  загинаа во пожар во Чикаго во САД, соопштија денеска од пожарната служба.

Меѓу загинатите во пожарот, кој избувна изутринава, има и едно бебе. Причината за пожарот засега не е утврдена.

Пожарникарите биле повикани околу 4 часот утрово во кавртот Литл вилиџ во Чикаго, каде што пожар зафатил трикатна зграда, а жртвите биле пронајдени на вториот кат.