Италијанскиот министер за внатрешни работи отворено го нападна францускиот претседател, Емануел Макрон, велејќи му дека треба „да се засрами“ затоа што Франција и го свртела грбот на Италија при наездата од мигранти, додека во исто време, Албанија порача дека ќе прими 20 од 190-те мигранти кои минатите денови пристигнале во Катанија, пренесува британски Експрес.

Зборувајќи на собирот на партиски поддржувачи на неговата Северна лига, Салвини и се заблагодарил на албанската влада истакнувајќи дека таа е „подобра од француската“.

Од земјите членки на ЕУ, само Ирска се согласила да и помогне на Италија.

„Дали знаете каде ќе одат некои од мигрантите? Во Албанија. Во овој случај, албанската валда се покажа дека е подобра од фрнацуската.  Затоа велам, благодарам Албанија и засрами се Франција, како и сите други кои се однесуваат како Франција. Тие многу зборуваат, но ништо не преземаат“, рекол Салвини.