Шумскиот пожар во северна Калифорнија прерасна во втор по големина во историјата на американската сојузна држава, соопштија вчера локалните власти, неколку дена откако пожарот уништи историски град изграден за време на Златната треска и принуди илјадници жители да се евакуираат.

Шумскиот пожар Дикси сега гори на повеќе од 1.850 квадратни километри, а само 21  отсто од опожарените области се под контрола. Досега изгоре подрачје со површина поголема од градот Хјустон.

Поголем Дикси беше само пожарот што избувна во август 2020 година, зафаќајќи површина поголема од 3.500 квадратни километри.

Во пожарот за исчезнати се водат три лица.

Според локалните власти, пожарите претставуваат закана за речиси 14.000 куќи и згради, а 400 се веќе изгорени, вклучително и речиси целиот центар на стариот рударски град Гринвил, кој се наоѓа на околу 100 километри од Сакраменто.

Причината за пожарот се уште се испитува, но се претпоставува дека е предизвикан од пад на дрво врз далновод.