Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнето во Расадникот на бул. „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, нема повредени лица, а е причинета материјална штета. Нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија што беше во прекин во дел од општината.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посочува дека е спречена катастрофа.
-Заедно со моите сограѓани, општинските служби и противпожарната бригада успеавме да го локализираме пожарот и да спречиме поголема катастрофа, вели тој.