Со години е јавна тајна дека поп-фолк пејачката Марија бира богати спонзори кои и го исполнуваат секој нејзин каприц. Таа конечно одлучи да проговори за тоа и да признае во едно интервју. Марија има намера да го следи примерот на нејзината колешка Глорија и да напише автобиографска книга.

Но, за разлика од Глорија која го стави приматот на музиката, таа има многу малку да каже за нејзините песни, а многу повеќе за нејзиниот интимен живот, кој беше повеќе од бурен и полн со пикантерии.

Неодамна ја прашаа Марија дали добила „непристојни предлози“, а таа  ги шокираше сите со нејзиниот одговор: „Секако. Јас ги користев нив. Не се срамам од тоа, па дури и се чувствувам многу горда и ми годи кога мажите ми ласкаат на тој начин“.

Признанието на Марија не е далеку од откритието дека мажот што е со неа треба да е финансиски стабилен и да биде во состојба да ги следи и исполнува секој нејзин сон, секоја желба – пишува Викенд.

„И во природата е така – женските единки кај животните го бараат најсилниот од својата раса“ –  вели Марија.

Музичкото секси мињонче  исто така кажа дека заработените пари од музиката ги инвестира во образованието на својата ќерка Мараја. Многу љубовници и давале автомобили и станови, но само додека биле заедно со неа. Потоа си ги ги собрале. Марија признава дека во животот имала најмногу силни и успешни мажи, но не ја открива точната бројка.

„Секој на свој начин ми даде 100% љубов и поддршка. Секој придонесе за она што сум во моментов“ – додава таа и вели дека  од скоро има нов човек во животот, но не открива ништо повеќе за него.

Извор: HotNews.bg
Фото: Марија – Инстаграм принтскрин