Со одигрување на синоќешните три реванши од плејофот, познати се сите екипи кои ќе играат во групите во Лигата на шампионите на УЕФА.

Последни место во елитата изборија Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Ренџерс и Копенхаген.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи денес (18 часот) во Истанбул. Триесет и двете екипи се поделени четири шешири. Ќе бидат формирани осум групи.

Прв шешир: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто и Ајакс.

Втор шешир: Ливерпул, Челзи, Барселона, Јувентус, Атлетико, Севилја, Лајпциг и Тотенхем.

Трет шешир: Борусија Дортмунд, Салцбург, Шахтјор, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг и Баер Леверкузен.

Четврти шешир: Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзењ, Макаби Хаифа, Динамо Загреб, Ренџерс и Копенхаген.

Екипите од иста земја не можат да бидат во иста група.