Секоја чест за министерот, ревносно и разбирливо ви укажуваше секој божји ден за вирусот, вели во својата објава пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа е пратеничката која пролетоска беше позитивна на коронависрусот и, облечена во скафандер, дојде во Собранието на Република Македонија за да учествува на седница за да гласа.

Костадиновска Стојчевска сега застана во одбрана на министерот Венко Филипче, по трагедијата во модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 лица. Пратеничката предизвика револт кај граѓаните со пораката тие што не се согласуваат со министерот и бараат одговорност да одат на бајачка.

-Година и пол Венко Филипче ве убедува да се вакцинирате и да се заштитите! Да не се групирате, да се пазите! Година и пол! Како да сме 2021 п.н.е! Ревносно и разбирливо ви укажуваше секој божји ден какви последици има вирусот и зошто треба да се пазите! Ама нееееееееееее! Секоја почит за министерот! Ајде трк на бајач сега, порача деновиве Стојчевска преку социјалните мрежи.