Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа одлуката на судот во Колорадо за отстранување на поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче во таа американска сојузна држава, со што му се онезвозможува да се кандидира на годинашните претседателски избори. Врховниот суд закажа усна расправа за 8 февруари, јавуваат Си-Ен-Ен и Би-Би-Си.

Трамп сè уште е на гласачкото ливче бидејќи одлуката на понискиот суд во Колорадо со која се дисквалификува од пртседателската трка е ставена во мирување во очекување на решението на Врховниот суд.

Трамп во средата ја обжали одлуката на Колорадо до Врховниот суд на САД. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои шест се конзервативци. Тројца судии беа назначени од Трамп.

Судот во Колорадо прв пат во историјата на САД го примени Делот 3 од Четиринаесеттиот амандман на американскиот устав – таканаречената клаузула за дисквалификување – која се користи за да се процени дека претседателскиот кандидат не е подобен за Белата куќа. Тоа е амандман донесен по Граѓанската војна во САД за да се спречат поддржувачите на Конфедерацијата да служат во владата.

Судот во Колорадо пресуди дека Уставот на САД му забранува на Трамп, фаворит за републиканците за изборната трка во 2024 година, да се појави на гласачкото ливче поради улогата во поттикнувањето насилство во Капитол кога поддржувачите на Трамп се обидоа да ја поништат неговиот пораз на изборите во 2020 година од претседателскиот кандидат на демократите. Џо Бајден. Трамп тврдеше дека победата на Бајден е резултат на измама.

Одлуката на судот во Колорадо дојде по тужбата поднесена од група гласачи во Колорадо поддржана од неколку грѓански организации.

Фото: ЕПА