Пред само два дена, на прашање за руската вакцина Спутник, Зоран Заев изјави дека не се размислувало за нарачување на ваицната бидејќи сме имале толку многу вакцини порачано, што на крај ќе ни дошле пет милиони. Се разбира, сето тоа завиено во обландата за водење сметка за парите на народот.

Два дена по оваа изјава, Заев денеска се пофали дека дал налог да се нарачаат 100 000 руски вакцини. Тоа што Филипче го нема ни во првата ни во втората приказна, ни воопшто во приказните за вакцините, е една работа, а друга е оваа со тоа дека Заев се однесува како пијан возач на автопат, па едноставно не знае ни кај тера, ни што прави.

А се сведува на тоа дека неговите потплатени гавази ќе премолчат вакви глупости во два дена, а оние другите едноставно немаат капацитет да се справата со овој катастрофален удар за здравјето на макеоднските граѓани во измината година.

Патем, нема обаснување за овој слалом со вацините на Зев во овие два дена. Филипче пак и онака никој не го прашува за вака деликатни работи, зашто тој е само за фалење. И за градење „модуларни“ болници кои се всушност четири склопени парчиња лим и кои во македонскиот јазик се нарекуваат монтажни.