Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска ќе присуствуваат на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово.

Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е и нивно обраќање на настанот.

Станува збор за локација што се наоѓа меѓу селата Требош и Џепчиште.

За да биде сликата појасна, оваа власт на СДСМ и ДУИ за мандат од 8 години не успеа да направи ниту еден автопат, освен чочекот за готовиот автопат од Демир Капија кон Гевгелија. Бочварски веќе неколку години наназад најавува пуштање на автопатот Кичево – Охрид. Но, кога нема чочек за готови автопати и пруги, пред избори ќе се изнавозиме со темелници на нови проекти.