На 15.05.2025 во 18:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.




