Актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Манчестер сити се наоѓа многу блиску до одбрана на титулата, откако попладнево забележа победа на тешкото гостување кај Барнли со 1:0.

Значајните три бода кои можат да значат нова шампионска титула за „граѓаните“ ги обезбеди Серхио Агуеро со голот постигнат во 63. минута.

По 36 кола во најквалитетната англиска фудбалска лига, Манчестер сити има 92 бода, еден повеќе од Ливерпул.

Барнли е 15-ти со 40 бода.

До крајот на сезоната, Манчестер сити го пречекува Лестер и гостува кај Брајтон, додека Ливерпул му гостува на Њукасл и го пречекува Вулверхемптон.