Премиер лигата денеска потврди дека Манчестер сити е виновен по сите 114 обвиненија против него за прекршување на финанскиот фер-плеј.
Комисијата утврди дека во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18,
Манчестер сити користел договори кои погрешно ја прикажувале вистинската природа на соработката со дел од комерцијалните партнери, со што, според наодите, биле вештачки зголемувани приходите и намалувани трошоците.
Во одлуката се наведува и дека Манчестер сити значително ги прекршил лимитите за трошење на Премиер лигата и УЕФА.
Сепак, постапката сè уште не е завршена. Манчестер сити има право да поднесе жалба на одлуката на независната комисија, а рокот за тоа истекува на 2 октомври.
Премиер лигата соопшти дека има намера целиот процес, вклучително и евентуалните жалби и објавувањето на конечните одлуки, да биде завршен што е можно побрзо.




