Ова не е нормално, секојдневно да имаме скандали и да бидеме шампиони во корупција, а ниту еден владин функционер досега да не е ниту формално обвинет за корупција и земање мито!

Ова го истакна пратеникот Љупчо Пренџов.

– Ако во 2017-та, 2018-та, 2019-та и 2020 година една политичка коалиција ја има целокупната власт во оваа држава, а притоа никој од нив не е обвинет за мито, за корупција и за примање противправна награда, како очекуваме ние понатаму да се бориме со корупцијата во оваа држава, вели Пренџов, пратеник од опозициската ГРОМ.

Тој потенцира дека извештаите на Европската комисија и ГРЕКО велат дека во Македонија толку многу е широко распространета корупцијата што ја има во секоја пора.