Денеска е 5 јануари според стариот стил и се слави Преподобна мајка Синклитија.

Таа по потекло е од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа заради брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир.

Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки од монасите се постојано сметани за вистински духовни бисери, бидејќи светата Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно размислување и духовно општење со Божествениот свет.

Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година.

Меѓу другото, света Синклитикија велеше: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во истите болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го разграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.