Џенифер Томпсон со години е посветена на изучење на здрав начин на живот и оној во склад со природата, па не е невообичаено што таа со задоволство и често пробува разни трикови со билки, овошје и зеленчук, а нејзината финта со кромид веќе долго живее на Интернет.

Таа го испробала старомодниот метод за детоксикација на телото, кој препорачува да спиете со прстени од кромид во чорапите, а откако го испробала експериментот, таа тврди дека нема што да изгубите!

Џенифер и нејзиното момче го пробале овој трик, а таа вели дека имал фантастично влијание врз нејзиното тело и оти речиси 90 проценти од нејзините симптоми на алергија биле решени преку ноќ.

– По половина час, почнав да ја чувствувам акцијата – треска, температура, топлина во главата … Очите ми солзеа како да сечкам кромид и имав вкус на кромид во устата! Јасно е дека нешто се случуваше и дека состојките од кромидот се апсорбираат во телото, а наутро кога споделивме со дечко ми што ни се случуваше – се покажа дека тој имал страшна ноќ и едвај можел да заспие. И јас се чувствував уморна и слаба, но на некој начин подобро, вели таа, а додава дека „чорапите со кромид“ всушност функционираат.

– Вистинската причина поради која мислам дека функционира е затоа што 90 проценти од моите симптоми на алергија и кивање ги нема. Носот веќе не ми течеше, очите не ме чешаа и кивав можеби само двапати тој ден. Секој со алергија треба да го проба ова – тоа ќе му донесе олеснување, вели Џебнифер.

Таа истакна дека експериментот го повторила еден ден подоцна, како и по еден месец и дека се случило истото – симптомите на алергија значително се намалиле за помалку од 24 часа.

Инаку, сè што ви треба за „чорапи со кромид“ се чорапи и половина главица кромид. Поделете го кромидот на прстени во двете чорапи, ставете ги и така спијте.

Томпсон тврди дека кромидот, исто така, помага при симптомите на настинка и помага во борбата против разни вируси и бактерии.