Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, повика претседателот на Граѓанско демократска унија (ГДУ), Петар Колев.

Тој во објавата на својот профил на Фејсбук бара:

– Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?“, пишува Колев.