Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов компонираше божиќна песна, што ја изведе заедно со неговиот 14-годишен внук во една телевизиска емисија.

Композицијата, која Бердимухамедов ја изведи свирејќи на бел клавир, придружуван од неговиот внук на синтисајзер, ги повикува Туркменистанците заедно „да запеат песна за љубовта“.

– Со прекрасната мелодија и нејзините искрени зборови, песната продира во душата на слушателите и врз нив остава силен впечаток, изјави водителот на телевизиската емисија Туркмен Овази најавувајќи ја нумерата.

Песната наречена „Сон“ покрај на туркменски, е снимена и на англиски и германски јазик.

Бердимухамедов ја презеде претседателската функција во 2006 година по смртта на првиот претседател на независен Туркменистан, Сапармурат Нијазов.

Бердимухамедов, слично како и Нијазов, почнува да гради сопствен култ на личноста, па си изгради голем златен кип во главниот град Ашхабад.