Презвитер Ивица ТОДОРОВ

Причината за нашиот досегашен неуспех како народ и држава е во тоа што најголем процент од современите Македонци, над 85 проценти, НЕ ВЕРУВААТ дека може да успееме како народ и држава!

Кога некој НЕ ВЕРУВА во некоја цел тогаш истиот и не вложува во истата.

Кога не се вложува во една заедничка цел, која ќе ни донесе добро, просперитет и достоинство на СИТЕ, тогаш се вложува во лични, најчесто его – суетливи – коруптивни цели. Таквиот начин на вложување ЈА ОСЛАБНУВА ЗАЕДНИЧКАТА ЦЕЛ, но, и уште повеќе ја зголемува НЕДОВЕРБАТА кон заедничката цел кај нашите современици!

Како последица на горенаведеното во менталниот склоп (начин на размислување/расудување/вреднување) кај голем процент Македонци се создава препознатливата апатичност (пресметлива незаинтересираност), страшливост, релативизирање (лесно откажување од заеднички цели и вредности), себичност (мисла и борба само за себе и своето), неспособност за организираност, ниско ниво на самодоверба, површност која води кон глупост, несозреана емотивност (брзо, гневно и омаловажувачко реагирање без разгледување на аргументи и осет за реалност)…

Има уште многу за набројување, но, горенаведените нешта се најдеструктивни за нашиот опстанок како македонски народ и македонска држава!

Дали за оваа дијагноза постои терапија и лек?

Да, постои, лекот се Македонците со градивен и созреан ментален склоп, а терапијата се состои во тоа истите да бидат препознаени и да им се овозможи да работат на формирање на систем кој ќе помогне во процесот на лекување на болниот мантален склоп, но, и ќе помогне да се врати и ВЕРАТА дека може да успееме и како народ и како држава!

Верата е енергија, таа е многупотребното гориво во резервоарот кое може да ни помогне да формираме квалитетен живот за тука и блажена-радосна-свесност за вечност!

Затоа, во тоа име и за таа цел РАЗБУДИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ;)