Францускиот сликар Амабл Беноист (Amable BENOIST) оставил зад себе серија пејсажи и илустрации со мотиви од Македонија, каде од 1914 до 1918 година како војник учествувал во Првата светска војна.
Сите македонски цртежи, Амабл (1886-1976) ги ставил во еден албум, во кој исто така нацртал карта каде и кога се движел низ Македонија за време на Големата војна.
– Во 2015 година, овој албум преку аукција е продаден на еден британски дилер на слики, кој за жал ги испосекол секој цртежи од албумот и ги продал овие цртежи скоро сите на грчки и француски колекционери. За среќа од него ги добив барем фотографиите од овие цртежи кои сега ги споделувам со вас, објави администраторот на страницата на Фехсбук Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950.
Беноист е роден во Париз на 24 февруари 1886 година. Татко му, Еуген Гарди (Eugène GARDY) бил познат париски декоратор. Во тоа време немало тапети или колор принтери. Декораторите ги украсувале ѕидовите во куќите на богаташите или пак театарските сцени со рачно цртање. Најдобрите од нив имале академско ликовно образование.
Уште како мал, Амабл почнал да зема часови по цртање од татко му, а се школувал подоцна на париската ликовна академија. Во 1913-та година добива работа како декоратор во театарот Капитол во Тулуз, каде што ја сретнува младата учителка по германски јазик Хенриета Трапe (Henriette TRAPÉ) во која се вљубува и се венчава на 25 јули 1914 година.
Амабл и Хенриета немале време за меден мецес. Само три дена по нивната свадба започнала Првата светска војна. Како и сите млади Французи понесени со младешки патриотизам и слепа храброст, Амабл се пријавува како доброволец на француската војска. После помината обука, на почетокот на 1915 година Амабл е испратен во Македонија и бил стациониран во Кавадарци.
Во 1915 година, српската војска била потисната од запад и од север од Австроунгарците, а од исток од Бугарите. Французите, кои биле сојузници на Србите, пратиле војска во Македонија да ги одбие овие напади и да ја зачува Вардарска Македонија во рамките на Србија. Но, бугарската војска ги зазела Скопје, Велес, Градско, Прилеп… Тогаш француската војска се повлекла од Кавадарци, преку Криволак, Миравци, Гевгелија кон Солун.
Амабл направил илустрации од сите овие македонски места. Во следните години, пратен е од Солун кон Серес, а потоа учествивал во битката на Добро Поле на 15 септември 1918, во која Србите и Французите ги пробиле линиите на Германците и Бугарите и по која всушност силите на Центарот ја губат Првата светска војна.
По војната, Амабл се враќа во Тулуз, каде што работи како декоратер во театарот Капитол.
Но, почнала Втората светска војна во која Франција била окупирана од Германија, а низ Триумфалната капија во Париз, која била направена за низ неа да помине големиот француски војсководец Наполеон Бонапарта, минал Хитлер. Наполеон умрел пред Портата да биде завршена, а на 14 јуни 1940 година низ Портата поминува Адолф Хитлер.
Беноист повторно со голем патриотизам се вклучува во Отпорот, каде што дизајнира и печати плакати кои повикувале на бунт и отпор кон нацистите. Но, неговата сопруга Хенриета работела како преведувачка од германски на француски јазик. Амабл не можел да ѝ прости што работи со нацистите и на 17-ти септември 1940 година се разведува од неа.
По војната, Амабл се сели во Париз, каде што ја запознава својата втора сопруга – модната дизајнерка Марта Клавери (Marthe CLAVERIE) со која живее заедно сѐ до негова смрт во на 21 мај 1976 година.
Во негова чест градот Тулуз крстува една улица ( Rue Amable Benoist) која до денес го носи негоивото име.
Текстот и илустрациите се преземени од наведнеиот извор, линкот може да го отворите ТУКА.
(Подготвил: Д. Г.)