Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека 12.870 дози од производителот Фајзер пристигнаа во државата.

Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска. Апелирам сите кои досега се немаат пријавено да го сторат тоа што поскоро, напиша министерот за здравство на својот Фејсбук профил.