Приватните превозници веќе втор ден протестираат и бараат средба со градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска која нема слух за овој огромен нивен проблем.

На новинарско прашање дали таа побарала да ги прими на средба нив и да го реши овој проблем велат дека тоа за жал не се случило до овој момент.

-За жал не, како што кажавте втор ден веќе сме на протести, нема слух, ни од градоначалничката, ниту од некоја повисока дистанца во државата. Баравме помош, баравме медијација, но немаше.

Превозниците во изјава за Курир по скандалозната изјава на Ристо Пенов дека автобусите можат насилно да бидат тргнати велат дека воопшто името не заслужува да му го споменат.

-И тој беше градоначалник и се видоа резултатите и од неговиот мандат, тогаш имавме еден огромен протест за време на неговиот мандат тој е истрошен политичар и местото му е на  политичкото буниште и ве молам за него не сакам да коментирам, вели еден од приватните превозници кои денеска протестираат.

Видеото погледнете го во продолжение: