При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски таблички во петокот вечерта полицијата запленила 40 килограми марихуана.

Од МВР информираат дека настанот се случил во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, а тетовската полиција ги лишиле од слобода А.Р.(38) од Република Албанија, Ш.И.(28) од Арачиново и Б.Т.(32) од Скопје.

Големото количество дрога било пронајдено во багажникот. Трите лица се превезувале со странското возило управувано од А.Р. а по настанот се задржани во полициска станица во Гостивар.