Припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжија со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 161 казна, меѓу кои 40 за возење со брзина поголема од дозволената, 12 за возење без возачка дозвола и три за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и три мерки за користење на мобилен телефон, една за нерегистрирано возило, како и 17 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.