Врз американската Амбасада во Анкара утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење. Погоден бил објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.
Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Брансон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор. Турција не сака да го ослободи свештеникот кој е осомничен за шпионажа и обвиненија поврзани со тероризам.
Турските безбедносни сили денеска приведоа две лица осомничени за нападот врз Амбасадата на САД во Анкара.
Полицијата го пронајде и автомобилот со кој беше извршен нападот.
Според турската телевизија НТВ, напаѓачите се двајца мажи на возраст од 38 и 39 години. Кај едниот од нив е пронајдени и пиштол, од кој е пукано врз Амбасадата.
Приведените признале дека учествувале во инцидентот.
Полицијата ги засили безбедносните мерки за амбасадите во Анкара веднаш по инцидентот.
Претходно, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин го осуди инцидентот, нагласувајќи дека нападот врз Амбасадата на САД е обид да се создаде хаос.