Ова е дел од родословот на исус Христос според Евангелието на Матеј. Во продлжение го имате делот според нашата Библија од глава 1, стих 9-16.
9. …Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија;
10. Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија;
11. Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време преселувањето во Вавилон.
12. А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела;
13. Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора;
14. Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда;
15. Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова;
16. Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
Со внимателно читање, лесно можете да го препознаете овој дел во Библија од 15 век. Тоа е на левата страница. На десната е запишано толкување. Како што гледате, во тоа време не се употребувале бројки за да се означат главите и стиховите и да се олесни читањето, а се уште не се оставал ни простор помеѓу зборовите од иста реченица. Инаку ова е Толкување на Библијата од манастирот во Дечани, крај на 15, почеток на 16 век.