Евидентна е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце. Утрово и на снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека колони возила чекаат на граничните премини.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.
– За излез од РС Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупен број на патници влез и излез е 15.838, граѓани, соопштија од МВР.
Во истиот период на ГП Табановце влегле вкупно 8.173, а излегле 10.049, вкупно 18.222 граѓани.
Граѓани за МИА велат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека најмалку половина час, но и нагласуваат дека сите ленти се во функција. На ГП Богородица пак, евидентно е зголемен метежот на возила за излез од земјава.
Метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени за викендите и за празниците.
Метеж се очекува и во недела, вечерта.
Споениот викенд започна во нашата земја, а како што е редот традиционално Македонците се преселија на море во соседна Грција, објави порталот Курир.
Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фреквенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција.
Освен тоа може да се забележат и голема фреквенција на луѓе излезени од своите автомобили кои чекаат во редот за да поминат пасошка контрола, а на дел од кадрите се гледаат и некои луѓе со бебиња како се шетаат надвор додека нивните автомобили се заглавени во редот.
Инаку гужвите за влез во Грција започнаа вчера попладне кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.