Нови 134 заразени со КОВИД-19 и осум починати во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени биле 1173 тестирања. Најголем број од заразените (97) се од Скопје, 11 од Тетово, седум во Ресен, пет во Куманово, тројца во Струга, по двајца од Крушево и Кичево и по еден нов случај во Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и Неготино.
Од осумтемина починати, пет пациенти се од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести починаа три лица од Скопје – пациент на 68 години хоспитализиран на 6 јуни, пациентка на 65 години примена во болницата на 13 јуни и пациентка на 76 години хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје – пациент на 77 години примен на 6 јуни и пациентка исто така на 77 години хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово на 68 години.
Во Клиничката болница Тетово се починати две лица на 13 јуни – пациент на 67 години и пациентка при прием на 71 година. Позитивни резултати на КОВИД-19 на двајцата пациенти им се потврдени постмортем.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 34 оздравени пациенти од: шест од Скопје, 23 од Куманово, по двајца од Прилеп и Велес и еден од Тетово.
Вкупниот број на дијагностицирани на вирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 4289, оздравени се 1757, починати 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјава е 2331.
Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1995, активни 1323
• Куманово 651, активни 207
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 18
• Тетово 440, активни 261
• Струга 138, активни 60
• Велес 154, активни 29
• Битола 35, активни 8
• Охрид 73, активни 55
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 10, активни 9
• Кичево 5, активни 3
• Ресен 32, активни 31
• Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1173 тест се преку: Институтот за јавно здравје – 456, Центарот за јавно здравје Скопје – 35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со ПСР-метод –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45 054 тестирање на КОВИД-19.
Министерството за здравство посочува дека од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 90. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини во Град Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 302
• Аеродром – 118
• Бутел – 110
• Гази Баба – 104
• Центар – 105
• Карпош – 94
• Сарај – 96
• Кисела Вода – 64
• Ѓорче Петров – 53
• Студеничани – 52
• Шуто Оризари – 40
• Арачиново – 33
• Илинден – 27
• Петровец – 9
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 8
• Зелениково-1
• Странец – 2