Локалната власт на Струга за туристичка промоција на градот годинава ќе потроши околу 58.000 евра за општа туристичка пропаганда.

Ваква одлука, како што објави ТВ Алсат, деновие ја изгласа мнозинство на ДУИ и СДСМ во Советот на општината на Струга. За подготовка, обработка и печатење на промотивни материјали се предвидени 300.000 денари. ВМРО и Алијанса на Албанците реагираат дека станува збор за нереална програма.

За продукција на фотографски и видео-материјали за туристичките потенцијали ќе се потрошат 220.000 денари, за билборди, реклами, блогери и инфлуенсери, 300.000 денари. За учество на саеми и форуми надвор од државата и во Струга, еден милион денари.

Дел од активностите за оваа година се пренесени од програмата за 2021 година за кога беа издвоени 73.000 евра.