Бришете, брусете, но на крајот и вие ќе станете дел од историјата, но онаа на предавставата, Македонија вечна, се вели во реакцијата на универзитетската професорка д-р Виолета Ачковска.

Нејзината реакција се однесува на вчерашната изјава на премоерот Зоран Заев кој најави бришење на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците во Македонија. Ја пренесуваме објавата на Ачковска на нејзиниот профил на Фејсбук:

Различни режими правеле обиди да ја менуваат историјата, барајќи легитимитет за нивните политички постапки во актуелното време.

Но, историјата е нешто кое се случило и на сила не можете да ја избришете. Неспорен е фактот дека Македонците во текот на Втората светска војна стапија масовно во борбата против фашизмот, против германската, италијанската и бугарската окупаторска војска и против големоалбанските соработници на фашизмот, борејќи се за своја слобода, обединување и државност. Македонците беа дел од големата Антихитлеровска коалиција која беше демократската совест на човештвото и темелот на обединета Европа.

И заради нивното учество во борбата против фашизмот се стекнаа со пработо на самоопределување бо услови кога големите сили започнаа со ново прекројување на светот. Израз на таа антифашистичка борба беше создавањето на првата современа македонска држава Демократска Федерална Македонија. И се прашувам, дали проблемот е во додавката “фашизам” или во одземањето на правото на државност и самоопределување на Македонците како посебен народ.

Сите актуелни постапки посочуваат кон тој правец. Бришете, брусете, но на крајот и вие ќе станете дел од историјата, но онаа на предавставата. Македонија вечна.