Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку многу на број, малку за бој, вели проф. д-р Гордан Калајџиев, кој смета дека фрлањето на македонското знаме од македонската претставничка на Евровизија беше ненамерно.

Тој смета дека овој случај е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината.

-Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето, второ тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“ и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината и четврто, сите се јаки патриоти на прсти, а инаку „многу на број, малку за бој! – вели Калајџиев.

На социјалните мрежи брзо стигна одговор до Калајџиев, каде му реплицираа дека „младите учат од професорите на Правен факултет кои фрлаа куртони со боја“ во тн. шарена револуција, кога беше запалена и канцеларијата на претседателот на Република Македонија во Скопје.

Како што е познато, професор Калајџиев беше еден од активните учесници во тн. шарена револуција.