Професорот д-р Никола Пановски уште еднаш предупредува дека долготрајното носење маска и надвор од затворена просторија ќе остави штетни последици за здравјето на луѓето.

– Ако некој три часа носи маска и потоа излезе во двор или го однесеме во парк, нема да има последици, но ако ја почитуваме мерката која ќе се донесе тој и кога ќе излезе надвор треба да носи маска. Мене ми велат хирурзиве носат по 8 часа маска. Јас велам кога ќе носиш 8 часа маска и ќе сакаш на Водно да земеш воздух што си оперирал 8 часа ако си легалист и таму ќе носиш маска. Ќе видам што ќе стане со твоето здравје ако ти 16 часа во денот носиш маска, изјави Пановски за порталот Инфомакс.

Човек треба да е ментален, додава Пановски, па да носи маска и на чист воздух.

– Мислам дека треба да е човек метален, да му фали нешто за да носи маска на планина или каде што нема никој, каде што има чист воздух. Зошто сте излегле вие надвор маска да носите? И сега што правиме ние ги тераме луѓето да седат дома или ги тераме да се пикнат во кафана каде што може да ја прошират болеста. Значи од утре натака ако видите полицаец на улица, а немате шал или марама треба да си носите марамче за да изигрувате нешто. Ако немате прекривка на уста, најдете го првиот кафич и седнете внатре. Решение. Ама имало таму 100 луѓе ќе ви ја пренесат болеста, важно ќе се спасите од казна. Така да оваа болест има некои парадокси кои долго време ќе се дебатира зошто се прават, вели Пановски.