Тоа е злочин врз децата, вели проф. д-р Викторија Вујовиќ за најавата од Министерството за образование и министерката Мила Царовска за воведувањето електронски учебници за учениците.

Психијатарот проф. Вујовиќ оваа жестока реакција ја објави на социјалните мрежи.

-Доколку ги оставите децата и адолесцентите без учебници пројавувате фашистичко однесување, експеримент врз деца, злочин врз деца, налик на Аушвиц. Кој ви го дава тоа право? Станувате монструми, објави проф. Вујјовиќ на Фејсбук.

На социјалните мрежи има бројни негативни реакции на овој потег на МОН и Царовска, но и покрај тоа, „концептот на Мила“ упорно се турка.