Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движиод минус три од минус 12 степени, а дневната температура ќе се движи од нула до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе достигне до минус четири, а дневната температура до седум степени.

Во петок ќе има локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.