На повеќе места во земјава ќе има зголемена облачност, ќе продолжи да дува умерен североисточен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени, соопшти УХМР.

Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 1 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно време со температура од 5 до 17 степени.

Утре, како и за време на викендот, ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст.