Фирмите од индустријата за организација на настани денеска напладне излегуваат пред Влада и најавуваат дека протестите ќе продолжат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

-Се до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение, секој ден ќе се случува протест од 12 до 15 часот, велат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП.

Денеска во 13 часот е најавена и прес конференција пред Владата.

-Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,1 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од ИВАП.