Денеска се навршуваат две години од трагедијата од страотниот пожар кој ја уништи модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица, пациенти и членови на семејствата.

По тој повод, попладнево во Тетово се одржа протестен марш, на кој семејствата на загинатите бараат правда. Маршот според  почна од локацијата каде што беше модуларната болница, а заврши пред тетовскиот суд.

Семејствата на 14 луѓе кои ги изгубија животите во пожарот во тетовската модуларна болница денес организираа јавен марш и протест. Тие не се задоволни со завршениот судски процес и бараат да има нова истрага, со која, како што велат да се докажат вистинските виновници.

– Семејствата бараме правдата да излезе на виделина. Новинарите на ИРЛ објавија вистински кој е виновен, а кој не е виновен. Овде ние бевме ние на сите рочишта, немаше правда. Од почетокот ние кажавме дека во оваа држава нема правда. Јас сум бил од почетокот на ова судење, гледав дека нема правда. Беа осудени три лица, не викам дека не се виновни тие. Ама виновни се гледа кој е. Државата молчи, денес тие слават, денес не дојдоа кај нас да видат дека 14 лица живи загинаа таму. Јас сум бил со мајка ми во соба број 3 и од таму почна огнот. Не знам ни јас како седам овде. Ние ќе бараме нова истрага, со протестите ние ќе продолжиме понатаму, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот на 8 септември 2021 година ги загуби братот и мајката.