Во Велика Британија стотици здравствени работници учествуваа во тивка поворка и бдеење пред Даунинг стрит за да извршат притисок за итен прекин на огнот во Газа.

Поворката, организирана од „Здравствените работници за Палестина“, започна на Вестминстерскиот мост пред болницата Свети Томас и заврши со говор пред Даунинг стрит.

Британските здравствени работници се појавија во униформа, носејќи мали ковчези на кои беа испишани имињата на убиените деца.

Демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Стоп за геноцидот на Израел во Газа“. Тие извикуваа „прекин на огнот – сега“ и „веруваме дека ќе победиме“.

Тивки поворки истовремено се одржаа во повеќе места во светот, а меѓу другите беа најавени вакви протести во Торонто, Куала Лумпур, Сан Диего, Јоханесбург, Париз, Калкута, Белфаст и Даблин.

фото: Јутјуб принтскрин