Протопрезвитер Ивица ТОДОРОВ
Многумина ги интересираше мојот став во однос на случувањата поврзани со отворањето на Олимпијадата во Париз, па, од почит кон нив ќе го споделам.
1. Веќе децении наназад од она што го подразбираме како западна цивилизација се изнедруваат идеологии и движења (lgbtiq, gender, woke. . ) кои се насочени кон искоренување на Божјите, природните, традиционалните и нормалните вредности и модели на живеење, но освен лично и ентузијастичко спротиставување на истите, христијанството, Црквата, особено Црквата како институција, не смогна сили духовно и интелектално да ги разобличи горенаведените деструктивни општествени тенденции!
И сега многумина се чудат на тоа што го гледаат во Париз!?!
Па, припадниците на истите тие идеологии и движења со години преку разни форми, особено злоупотребувајќи ја модерната уметност, го напаѓаа христијанството и ги исмејуваат и провоцираат христијаните.
Па дури и во нашата Македонија нивната пропаганда не‘ ужаснуваше и иритираше! Но, осмислена институционална црковна духовно – интелектална реакција немаше и нема!
Напротив!!!
2. Нашата Македонија беше и се уште е под силно политичко – идеолошко – пропагандно и финансиско влијание на структурите кои отворено, дрско и тоталитарно се обидуваат во нашето општество да внедрат и да озаконат „вредности“ и модели на однесување кои се сосем спротивни на од Бога благословените, научно докажаните и традиционално проверените вредности и модели на однесување!
Да, во нашата Македонија има и лично и ентузијастичко и пројава на институционално спротиставување, но сепак се уште слабо во однос на политичката и финансиската сила од другата страна!
Нивната перверзна идеологија многупати кај нас беше интелектуално разобличена, па затоа пропагандистите на истата бегаат од дебати и соочувања, но продолжуваат да „ловат“ и политичари и аналитичари и јавни личности за да ги промовираат нивните патологии!
Во рамките на нивната геополитичко – идеолошка агенда беше, и се уште е, националното разобличување и на македонскиот православен христијански народ!
Промената на името на државата, промената на името на МПЦ – ОА, процесот на промена на македонскиот идентитет, иселување на младото способно население, демотивација, неморалност, процес на заглупување. . .
Секој може да забележи дека одработувачите и подржувачите на горенаведената агенда со гордост го кажуваат и пишуваат криминално променетото име на нашата држава и татковина! Се залагаат тие, во овој крајно проблематичен историски контекст и за нас Македонците, но и за сиот свет, да се промени името на нашата помесна Црква – МПЦ – ОА за да го забрзаат процесот на демакедонизација, дехристијанизација, демотивација на нашиот православен христијански македонски народ, но и да помогнат во остварување на нечии глобални, а и регионални цели!!!
И сега многумина од понижена Македонија се чудат на тоа што го гледаат во Париз, а не гледаат што се случува во Македонија!?!
3. Денешните христијани, во тој контекст и тие што се во Македонија и тие што се членови на МПЦ – ОА, се под влијание на од мене наречената швалерска или заводничка „теологија“!
Швалерот, односно, заводникот кон својата „жртва“ секогаш пристапува со набен сентимент (емоција), со апстрактни, убави, ветувачки, но нејасни, нереални и манипулативни зборови! Жртвата во однос на заводникот/ швалерот секогаш останува во збунета, нереална, емотивнозбркана и искористена позиција на објект, а не на слободен и достоинствен субјект!
Апостоло Павле го пишува следното:
„Зашто, и да имате десетина илјади учители во Христос, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Христос Исус преку благовестието.“
(1. Коринтјаните. 4, 15 – 16)
Што ни советува апостолот Павле, особено на нас духовниците? Ни советува на нашите духовни деца да им помогнеме да се родат во Христос, да го запознаат Христос, да стапат во благодатна врска со Христос, а преку Него со Отецот Небесен во Светиот Дух и во светата Црква, да ги внедруваат во себе од Христос откриените вредности и вистини за да бидат плодна, а не сува прачка на лозата!
Ни советува на, во Христос родените, да им помагаме да живеат во Неговото водство и да бидат проводници на Неговата промисла и на силата на Духот Свет!
Кога во Црквата ќе има поголем процент на членови кои се „во Христос родени“ таквите ќе бидат сол и светлина на светот, а нема да бидат губитници и очајници кои само кукаат, бараат оправдување и виновници, се плашат од „антихристот“ и секогаш ќе бидат „по настаните“, а самите ќе бидат неспособни да направат нешто полезно за сите и во слава на Бога!
И сега многумина во МПЦ – ОА се чудат на тоа што го гледаат во Париз, а не гледаат и не се чудат на тоа што се случува во МПЦ – ОА!
Ако продолжиме – КАКО И ДО СЕГА – и поодвратни нешта ќе гледаме и поболни нешта ќе се случуваат! Всушност, ниту Украина, ниту Газа не се баш многу далеку од нас!!!