Нерешено 1:1 заврши натпреварот одигран попладнево во Велес меѓу домаќинот Борец и гостите од Скопје, Работнички. Со оваа средба е отворено 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Борец со пет бода остана на последното (10-то) место на табелата, додека Работнички со овој бод собра вкупно седум и се наоѓа на 8-позиција.

Другите натпревари се играат утре. Двојките се:
Македонија ЃП – Ренова
Академија Пандев – Шкупи
Шкендија – Струга Трим Лум
Вардар – Силекс.

Табела: Академија Пандев 14 бода, Вардар 13, Македонија ЃП 11, Шкупи 8, Струга Трим Лум 8, Шкандија 7, Ренова 7, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5.