Тренерот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Томас Тухел пред натпреварот од Лига 1 со Лион се соочува со проблеми.

Германецот на утрешното гостување нема да може да смета на усулгите на напаѓачите Килјан Мбапе и Мауро Икарди, објави „АФП“.

Мбапе се опорави од повредата на колкот, но сè уште не е подготвен да игра, а Аргентинецот се повреди на натпреварот во Лигата на шампионите со Реал Мадрид (3:0).

Од поодамна во ростерот на ПСЖ поради повреди ги нема Единсон Кавани, Тило Керер, Колен Дагба, Јулијан Дракслер и Пабло Сарабија.

Натпреварот Лион – ПСЖ е закажан за утревечер во 21 часот.