Средбата меѓу претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, во Хелсинки траела повеќе од два часа и на неа присуствувал само преведувачот на Путин.
Нивните директни разговори без присуство на лица од кабинетите траела подолго од предвиденото, не се знаат многу детаљи, а прес-конефренцијата доцни и затоа што авионот на Путин слета во Хелсинки со еден час задоцнување.
Пред да почнат разговорите зад затворени врати, двајцата лидери се поздравија и малку поразговараа сето тоа следено од новинарите. Атмосферата е оценета како студена.
Путин рече дека „е време да зборуваме детаљно за нашите билатерални односи и за болните точки во светот, а ги има многу“.
Трамп возврати со честитка до Путин за организацијата на Светското фудбалско првенство и додаде: „Имаме голема можност да дејствуваме заедно доколку нашите земји се пријателски. Да се сфати Русија е добра работа, а не е лоша. Мислам дека светот сака да дествуваме заедно“.
И додека се одржува самитот во Хелсинки, новинарските кујни, особено таканаречените либерални медиуми во САД на целиот настан му дадоа еден конспиративен тон со тоа што Трамп го оцрнија до таа мера што го нарекоа шпион на Кремљ.
Но, во конекст на таквите написи, се налепија и написите во Базфид за руски заговор во Македонија и во Грција, односно обидите на Кремљ да го минира договорот за името. Секако, аналитичарите нема да пропуштат шанса а да не постават прашање дали сториите за руско дејствување во Грција и во Македонија се темпирани и дали е во прашање вешта дипломатско-медиумска игра на Стејт депарментот со владите во Атина и во Скопје.