Првата пратка од пакетот безбедносна поддршка од 200 милиони американски долари за Украина пристигна во Киев, соопшти денеска американската Амбасада.
Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.
Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември.
„САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија“.
Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.