Први придобивки за граѓаните од вчерашното изгласување на францускиот предлог за пат кон ЕУ преку Софија од страна на актуелната власт е стартот на наплатата на патарина на двете нови станици на автопатот Скопје – Штип и обратно.

Наплатата на двете наплатни станици Преод и Кадрифаково се активира утре во 7 часот изутрина.

– Првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информираа Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.

Овој автопат го изгради поранешната власт, а актуелната за 5 години успеа да ги изгради патарините за наплата.