На 30.04.2021 полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров привеле 10 лица, постапувајќи по пријава според која во 20.45 часот во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна.
-Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу 21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“, информира МВР.
Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.